
Италијанската култура ќе биде претставена преку наполитанските арии на концерт насловен „Мала Италија во Скопје“, кој ќе се одржи утревечер во Музејот на македонската борба.
Мотивација за настанот е потребата од воведување на нови и поинакви вечери кои ќе ја претстават класичната музика во едно поинакво светло и ќе придонесат за подигнување на интересот за овој вид на изведби.
Концертот во траење од два часа ќе им овозможи на присутните да ја доживеат италијанската музика и ќе ги задоволи дури и најпребирливите обожаватели на арии.
По завршување на концертот предвидена е коктел забава на која гостите ќе имаат можност да се запознаат со тројцата изведувачи: сопранот Гонца Богоромова, баритонот Павле Камилоски и драмскиот тенор Христо Арсовски