
Најмалку седум лица загинаа, а 327 се повредени денеска во самоубиствен напад извршен во центарот на Кабул, соопшти авганистанското Министертсво за здравство.
Претходно, ТАСС јави дека во нападот извршен со автомобил-бомба во близина на седиштето на Националната управа за безбедност, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД, загинале најмалку 20 лица, но сега оваа бројка е ревидирана.
Сепак, во соопштението на Министретсвото се наведува дека многу од повредените се во критична состојба, па можно е конечниот биланс на жртвите да биде поголем.
На неколку стотина метри од местото на нападот, шро кој било користено пил-ап возило, се наоѓа и авганистанската Претседателска палата.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.