
Протестот е демократско право, вандализмот не. Да изразиш револт е дел од демократијата, но вандализмот никако.
Ова го истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој беше гостин во Дневникот на Канал 5.
Треба да се постави прашањето кој е добар човек, дали тој што гради или тој што руши, тој што создава или тој што уништува. Одговорот е за мене јасен, и за вас и за секој граѓанин, и за мнозинството граѓани во Македонија.
Тоа е она, додаде Тодоров, што би го прокоментирал за начинот на кој што се однесува опозицијата и за односот кон македонското културно наследство, тоа е културно наследство на секој еден Македонец на оваа генерација но и на сите идни генерации.