
Метеорлозите соопштија дека само вчера во Хјустон наврнале 44,7 сантиметри дожд, а државни официјални претставници сметаат дека станува збор за „историски нивоа“.
Реките во центарот на овој град се излеале од своите корита, а 1.200 луѓе се спасени од поплавените улици.
Речиси 70.000 жители останале без електрична енергија во четвртиот поголемина град во САД, каде најмалку 1.000 куќи се поплавени, а бројот на објектите кои се под вода веројатно ќе се зголеми.
Градските власти приспособиле еден голем трговски центар за евакуација и им порачале на граѓаните да не возат низ водата која брзо надоаѓа.
Меѓу најзагрозените делови од градот е Гринспоинт, сиромашен кварт со 112.000 жители, од кои главно се од шпанско потекло.
Се очекува интензитетот на поројните дождови денеска да се намали.