
Билансот на загинатите во земјотресот во Еквадор се зголеми на 507 лица, а меѓу нив има и 11 странци, соопштија доцна синоќа еквадорските власти.
Досега се идентификувани 499 загинати и нивните тела им се предадени на семејствата.
Земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала имаше влијание и врз работата на еден од најстарите весници во Јужна Америка.
Првпат во 82-годишната историја весникот „Диарио“ во неделата не излезе од печат, бидејќи немаше струја.