
Две женски и едно машко лице се пронајдени починати вечерва во скопско Волково.
Според првичните информации на телата на починатите забележани се рани од огнено оружје.
Неофицијално, се работи за двојно убиство и самоубиство.
Од МВР информираат дека нивни екипи се упатени на местото на настанот по што се очекуваат повеќе детали.