
На 4 мај ЕК ќе го престави својот трет извештај за либерализација на визниот режим за Турција, и доколку Анкара ги има преземено неопходните мерки, извештајот ќе биде придружен со законски предлог за префрлање на земјата на безвизната листа, се наведува во соопштението на ЕК.
Но не е прецизирано колку од 72 критериуми за визна либерализација Турција досега има реализирано, но ЕК наведува неколку сфери во кои потребно е уште работа. ЕК го посочува намалување на времето за обработка на молбите за азил, потоа пристап на сите бегалци до пазарот на трудот, заострување на условите за доделување визи на странците, како и заштита на фундаменталните права на барателите на азил и ставање крај на дискриминација на државјаните на Кипар, земја членка на ЕУ, која Турција не ја признава.