
Граѓаните на Охрид денеска излегоа на масовен протест на кој даваат поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) и испраќаат пораки за избори на 5-ти јуни и конечен крај на кризата. Тие истакнуваат дека изборите се единственото решение за надминување на кризата чија сериозност и се заканува на државата и претставува сериозна кочница за напредокот.
Собирот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија е двојно поброен од протестот кој денеска во Охрид го организираат СОРОС и СДСМ.
И покрај тоа што СДСМ на протестот во Охрид донесоа граѓани од Струга, Дебарца и Ресен, се двојно помалку од оние кои ги поддржаа ГДОМ и изборите на 5 јуни.