
Оваа година очекуваме пет или шест премиери, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во вестите на Канал 5 која присуствуваше на снимањето на сцена од филмот.
-На мое огромно задоволство присуствував на една сцена од филмот „Ах, љубов моја“ на познатиот режисер Коле Ангеловски. Станува збор филмска комедија, што мислам дека е многу значајно што веќе во филмската кинематографија се дава поддршка на еден друг вид на жанр, а тоа е комедијата, изјави Канческа Милевска за Канал 5.
Таа додаде дека завршувањето на снимањето на филмот треба да биде до крај на мај, а истиот според плановите ќе може да се погледне на затворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.