
Маж бил хоспитализиран откако скокнал од прозорецот од неговиот стан по халуцинациите што ги добил по дејство на ЛСД, а претходно ја претепал девојка му и речиси си го пресекол пенисот, пишува „Раша Тудеј“.
Пожарникарите биле повикани во градот Лил во Франција околу 5 часот наутро во вторникот и го нашле мажот на улица.
Како што јавуваат француските медиуми, мажот претходно земал дрога ЛСД, а потоа се скарал со неговата 23-годишна девојка.
За време на расправијата, неименуваниот маж ја удрил девојката, а потоа со нож се обидел да си го отсече пенисот и си нанел повреди.
По ова се фрлил од прозорецот од нивниот стан кој се наоѓа а вториот кат и паѓал четири метри.
По ова бил пренесен во болница каде бил хоспитализиран и во моментов се наоѓа во стабилна состојба. Неговата девојка биле однесена во друга болница каде и’ биле санирани помалите повреди.