Овој џем делува како лаксатив: Брзо решение за празнење на цревата

Рецепт за џемот што дејствува како лаксатив

Состојки:

150 грама урми (1 мал филџан)

150 грама суви сливи

1, 5 филџан провриена вода (за погуст џем, помалку вода)

Подготовка:

Исечкајте ги урмите и сливите на парченца. Ставете ги во зовриена вода и варете се додека мешавината не се згусне.

Добиената количина би требало да биде за 20 порции од 1 лажица.

Овој џем е погоден за сите возрасти. Може да го конзумирате без ништо, или да го намачкате во леб, да го додадете во јогурт, снегулки…