Овошни плодови за хидрирано и здраво тело

КАЈСИИ

kajsija

 

Кајсиите се моќно овошје кога станува збор за вашата кожа и тело, поради тоа што содржат многу антиоксиданси и витамини. Овие плодови можат да го надоместат загубениот калциум, а се богати и со растителни влакна, бета каротен и витамин Ц. Вклучете ги кајсиите во вашето секојдневно мени и нема да имате проблеми со главоболка и вртоглавица.

МАНГО

flavor-mango-mix

 

Мангото е идеален извор на растителни влакна и витамин Ц. Мангото содржи два пати повеќе витамин А, од препорачаните дневни потреби. Направете си салата и уживајте.

СЛИВИ

domaci-pekemz-od-sljiva-456

 

Сливите се лесно достапно овошје. Богати се со витамин Ц и содржат антиоксиданси, кои го заштитуваат телото од штетното дејство на слободните радикали. Сливите можат да помогнат во заштитата од срцеви заболувања, рак и други болести.

ЛУБЕНИЦА

recepti-so-lubenica-naslovna-810x608

 

Лубеницата е најдоброто овошје, за да го одржувате вашето тело хидрирано во лето. Таа содржи многу вода и со тоа можете да ги надоместите загубите на течности во телото. Ова овошје не содржи многу калории, затоа и луѓето кои се на диета можат да уживаат во него. Лубениците се богати со витамин А и Ц, кои се потребни за здрави кожа, коски и срце.

ЈАГОТКИ, МАЛИНКИ, БОРОВИНКИ, КАПИНКИ

hitkujna-sumsko-ovosje

 

Консумирајте ги овие плодови колку што можете почесто. Растителните влакна и витамините кои ги има во овие овошја, ќе ви ја дадат потребната енергија. Исто така можат да ви помогнат во борбата со вишокот килограми. Идеални се како ужина, помеѓу оброците.