
-Ми претставува огромно задоволство што денес во градот на гемиџиите дојдовме по трет пат да го поддржиме Граѓанското движење за една цел, а тоа е да на 5 јуни сите ние искочиме на едни демократски избори кои ќе бидат регуларни и оваа сага од година ипол да ја прекинеме. Ние ќе бидеме тука, ако треба ќе доаѓаме и повторно. Им благодарам на велешани што излегуваат во волкав број да не поддржат, истакна кајакарот Атанас Николовски, член на ГДОМ.