
Народот сплотен во центарот на Скопје излезе за да даде голема поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Македонскиот народ е вредна нација со кротка и топла душа. Има чувство на милост, простување, солидарниост. Но кога некој во историјата се обидел да згазне на нашето достоинство скапо го плаќал тоа. Така ќе биде и сега. Сите да излеземе на 5-ти јуни да покажеме како изгледа патриотско и домаќинско однесување, рече Братислав Димитров.
Тој испрати порака дека народот е непобедлив.
Да бидеме заедно како низ вековите, како што сме сега. Вие сте силата, вие сте непобедливи, во вас е силата на македонската иднина, рече Димитров.