
Граѓаните сплотени во масовен број излегоа да ја дадат својата поддршка на собирот организиран од ГДОМ.
Народот упатува јасна порака: ДА за избори на 5-ти јуни, НЕ за деструкции и црни сценарија од страна на СДСМ.
Пред македонското Собрание пристигнуваат огромен број граѓани, а од минута во минута бројот на присутните расте.
Се вее македонското знаме, се пеат патриотски песни, во една мирна и позитивна атмосфера.