
Тур оператори од Казахстан и од повеќе држави присутни на Меѓународниот саем за туризам во Казахстан се информираа за туристичките потенцијали на Македонија на директните средби и презентацијата што ја одржа претседателот на Туристичко услужната комора при Сојузот на стопански комори Аркан Керим.
ССК соопштуваат дека Керим, покрај средбите и презентацијата одржана во Алмати, утре презентација на туристичките потенцијали ќе одржи и пред најголемите тур оператори во Казахстан.
Во соопштението најавуваат дека на 3-ти наредниот месец инвеститори од Казахстан ќе престојуваат во Македонија при што ќе остварат средби со членки на ССК за идна соработка и унапредување во повеќе сектори од заеднички интерес на двете страни.