„Митсубиши“ призна дека ги лажирал податоците за ефектот на горивата

Јапонскиот производител на возила „Mitsubishi Motors Corp“ призна дека ги лажирал податоците од тестовите за ефектот на горивата за да ги подобри нивоата на емисиите на штетните гасови.

По ова признание, во средата цената на акциите на автомобилскиот гигант му потона за 15 отсто, бришејќи во само еден ден 1,2 милијарди долари од неговата пазарна капитализација.

Претседателот на управата на овој шести по големината јапонски производител на возила, Тецуро Аикава, изрази жалење на прес-конференцијата во Токио, поради овој голем скандал во историјата на „Mitsubishi Motors Corp“ од прикривањето на грешките пред една деценија.

Цената на акцијата на компанијата на Токиската берза потона во средата за повеќе од 15 отсто, на 733 јени, забележувајќи го така најголемиот дневен пад во речиси 12 години. Минатата 2015 година „Mitsubishi Motors Corp“ продал малку повеќе од милион возила.

Во 2000 година „Mitsubishi Motors Corp“ призна дека ги прикривал податоците за безбедноста и поплаките од потрошувачите. Четири години подоцна призна проблеми, кои се јавувале последните неколку децении. Тогаш тоа беше најголемиот скандал поврзан со повлекување на возила во Јапонија.

Тецуро Аикава, претседателот…