Тецуро Аикава, претседателот на Митсубиши Моторс вчера свика прес конференција и јавно се извини за скандалот.

Веруваме дека оваа манипулација била намерна. Јасно е дека целта била резултатите од ефикасноста на горивата за да изгледаат подобро, вели тој.
Тој предупреди дека аферата најверојатно ќе има сериозно влијание на профитот на компанијата.
Незнаеме колку многу ќе се рашири овој проблем, особено во Јапонија, посебно ако се земе во предвид дека сеуште не се разгледани сите факти, рече тој.

Компанијата најави и дека ќе престане да ги произведува и продава тие возила, како и дека основала независна комисија којашто ќе спроведе истрага.
„Mitsubishi Motors Corp“ е првиот јапонски производител на возила кој извести за лажирање на податоците поврзани со тестовите за ефектот на горивата, откако минатата година германски „Volkswagen“ призна дека ги лажирал податоците за емисијата на штетните гасови преку специјален софтвер во возилата што ги продавал во САД и на други места.
Јужнокорејскиот „Hyundai Motors“ и неговата филијала „Kia Mortors“ во 2014 година се согласија да платат 350 милиони долари казна на владата на САД поради мамењето на тестовите за емисијата на гасовите, а исто така мораа и да ги подмират и барањата на сопствениците на возилата.