
Околу 2.000 дежурни протестанти на СДСМ и СОРОС и денеска протестираат низ скопските улици. Наспротив нив, над 60.000 поддржувачи на ГДОМ се собраа пред Собранието за избори на 5-ти јуни и крај на кризата.
Само околу 2.000 поддржувачи на СДСМ и СОРОС кои слепо ги следат наредбите на опозицискиот лидер Зоран Заев протестираат попладнево во одбрана на деструкцијата на опозицијата и продолжување на кризата.
Од ден на ден, нивната поддршка постојано се намалува и на улица остануваат само постојаните демонстранти кои се платниот список на СОРОС да прават деструкција во корист на СДСМ.
Од друга страна, ГДОМ вечерва пред СОбранието покажува што значи народ и колку е силна народната волја. Над 60.000 граѓани го преплавија просторот пред Собранието во одбрана на Македонија, со јасна порака, избори на 5-ти јуни и крај на кризата.