
Претседателот на комисијата за верски односи, Валентина Божиновска нападот на културните споменици го оценува како директен атак на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.
Таа во гостувањето на ТВ Нова истакна дека во договорот од јуни, во првата реченица пишува: Партиите се подготвени пред сѐ да бидат интересите на државата.
-Ако е првата реченица дека се потпишуваат дека на прво место се интересите на Република Македонија и граѓаните, дали нападот на културните споменици се интересите на граѓаните и на Република Македонија, прашува Божиновска.