
Порта Македонија на вчерашниот собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија беше обоена во македонското знаме.
Огромно македонско знаме беше пуштено врз Порта Македонија со што беше упатена моќна порака: Порта Македонија е симбол на историските борби и победи на Македонија и македонскиот народ.
Развиореното македонско знаме на Порта Македонија следува како одговор на на вандализирањата кои се случуваа на овој споменик од страна на дел од учесниците во насилните протестите.
Граѓаните на вчерашниот собир покажаа како ја сакаат Македонија, воедно порачувајќи дека кажуваат ДА за избори, НЕ за црни сценарија на СДСМ.
Од сите страни на Скопје, повеќе од 60.000 граѓани маршираа низ скопските улици за одбрана на Македонија.