
Најмалку 60.000 граѓани, обединети на вчерашниот голем народен собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) порачаа дека е доста од црни сценарија, насилство, пролонгирање на изборите и продлабочување на кризата.
ГДОМ на вчерашниот народен собир кој беше најмасовен до сега и броеше околу 60.000 граѓани, успеа да ги сплоти Македонците под една иста цел: крај на кризата и избори на 5 јуни.