
– Да се обнови една народна традиција која последно е забележана 1951 година и не е така лесна работа, не посебно денеска во време – невреме, но, наше е да се обидеме само колку да останеме верни чувари на Вевчанската култура и традиција и секогаш давајќи скромен придонес за колективното добро во населбата, велат организаторите.
Потенцираат дека КУД „Дримкол“ – Вевчани во своето досегашно постоење, реализирајќи големи и сериозни проекти од областа на народната култура, се докажа како сериозен субјект во Република Македонија во областа на зачувување на народната култура и традиција и нејзина промоција и презентација низ светот.