
За најголемиот христијански празник израдувајте ги домашните со неодоливи чоколадни гнезда на кои што најмладите тешко ќе оддолеат…
Потребно е:
- Фиде од ориз
- Чоколада за готвење
- Чоколада или бомбони во облик на јајца
- путер
Подготовка:
- Стопете ја чоколадата
- Искршете го фидето на стапчиња со должина од 8 до 10 сантиметри
- Фидето ставете го во чинија и врз нив истурете ја стопената чоколада
- Земете уште две помали чинии и едната обложете ја со проѕирна фолија, а потоа премачкајте ја со стопен путер, за фидето да не се лепи.
- Фидето што сте го премачкале со чоколада преместете ги во другата чинија и потоа со рацете обликувајте гнездо, а на средината притиснете ја помалата чинија за да добиете вдлабнатина.
- Готовите гнезда ставете ги да се оладат во ладилник 15 – 20 минути.
- Внимателно извлечете ги и во нив ставете чоколадни јајца.