
Старата чипка можете да ја искористите за да направите несекојдневни велигденски јајца.
Јајцата украсени на овој начин може да бидат вистинска атракција на вашата трпеза. Се што ви е потребно се сварени јајца, ножици, боја за фарбање јајца и парчиња стара чипка.
Внимавајте тоа да биде чипка што веќе нема да ја користите затоа што откако ќе ја употребите за декорација на велигденските јајца, повеќе нема да можете да ја користите.
Деталното упатство како да ги направите овие јајца погледнете го во приложеното видео: