Гранати од Прва светска војна пронајдени во Битола

Две гранати од Прва светска војна се пронајдени вчера во Битола.

Првата граната е пронајдена за време на уредување на парк во Битола.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Битола, а од страна на пиротехничар истата е безбедно подигната.

Втората граната е пронајдена во атар на село Трново, битолско во близина на хотел.

И втората граната е безбедно подигната од страна на пиротехничар.