
За предлогот на Словенечката демократска партија (СДС) дека годишната квота на бегалци кои можат да бидат примени во Словенија, со право да побараат азил, не смее да биде поголема од оние на кои минатата година им е одобрена меѓународна заштита, гласале 11 пратеници, а 44 биле против, додека останатите не гласале.
Против референдумот и лимитирањето на бројот на бегалци гласаа пратеници од партии кои ја сочинуваат коалициската влада на Миро Церар, а гласови за одржување референдум, дадоа и неколку опозициски демохристијани од партијата Нова Словенија (НСИ).