
Полицијата во Италија денеска запленила 500 килограми хашиш во пристаништето Каљари на Сардинија.
Во акцијата биле уапсени две лица.
Дрогата била скриена во глисер што пристигнувал од Неапол и што го пресретнала интервентна единица на полицијата.
Уапсени се двајца жители на Каљари кои во пристаништето чекале да пристигне дрогата.