Времето облачно и врнежливо

Времето денеска променливо облачно со можни врнежи од дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 24 степени Целзиусови

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во југозападните делови.

Променливото време ќе се задржи се до вторник. Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Од среда ќе биде стабилно и потопло.