
На официјална веб-страна на Државната изборна комисија (ДИК) објавен е Образец, на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи за кандидати за пратеници за предвремените избори. Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните одделенија, како и во дипломатско-конзуларните претставништва е од денеска до 9 мај годинава.
Од ДИК информираат дека според член 61, став 1 од Изборниот законик „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица“.
– Став 2 од член 61 од Изборниот законик го пропишува собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората и тој гласи: „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), односно конзуларните канцеларии на образец, потпишан од Државната изборна комисија“, информираат од Комисијата.