ФОТО: Севе го покажа скапиот роденденски подарок, па се предомисли

Северина својот 44-ти роденден го прослави во друштво на блиските пријатели, меѓу кои беа и нејзината кума Андреа Чермак и Ива Балент, ќерката на Ивица Тодориќ, за кого велат дека е најбогатиот хрватски тајкун.

Пејачката поради концертот на Нови Пазар не можела да стигне до Загреб, па друштвото стасало кај неа.

На прославата бил и сопругот на Северина, Игор Којиќ, кој заедно со неа позирал меѓу мноштво црвени балони во облик на срце.

Пејачката многу се израдувала и од подарокот на Ива Балент со кој што се пофалила на Инстаграм. Станува збор за бели ружи и Баленсиага чевли што чинат околу 800 евра.


Пејачката по се изгледа брзо се предомислила, па ја избришала од социјалната мрежа фотографијата со чевлите.