Кој треба прв да се јави: Мажот или жената?

Веб страната Match.com спровела истражување во кое ги прашувала мажите што сакаат повеќе по првиот состанок – жена што прва ќе се јави или девојка што чека тие први да се јават.

Мислењата по ова прашање, секако се поделени:

Жената прва да се јави

Ова го велат 35 отсто од испитаните, додавајќи дека не се воодушевени од старомодниот начин на размислување и приказната за џентлмените. Велат дека сакаат жени што преземаат иницијатива и дека за да не се оладат, потребно им е жената прва да им даде со знаење дека е заинтересирана за уште едно дружење.

Жената да почека

Ваков став имаат 55 отсто од испитаниците. Тие себе си се сметаат за ловци, па така преферираат жени пто треба да ги освојуваат. Нема да се оладат ако таа се јави птва, но ова е начинот што ним повеќе им се допаѓа.

Сеедно

Велат само 10 отсто од испитаните. Ако таа се јави прва, во ред, но во ред е и тоа ако тие треба да го преземат првиот чекор. На крајот на краиштата, по се изгледа се зависи од тоа на какво маж ќе налетате.