
На насипот каде беше убиена Јелена Крсмановиќ Марјановиќ на 2 април бил забележан син караван. Полицијата трага по него, бидејќи се претпоставува дека му припаѓа на убиецот по кој трага цела Србија, пишува Телеграф.рс.
Дали е во прашање некоја случајност или навистина автомобилот му припаѓал на убиецот, останува да открие полицијата.
Марката на автомобилот по кој инспекторите трагаат сеуште не е позната на јавноста. Автомобилот последните неколку денови пред бруталното убиство бил виден често пред куќата на Марјановиќ.
Покрај Карванот, полицијата трага и по двајца велосипедисти кои камерите ги уловиле дента на насипот.
Истрагата за Јелена влегува во четвртата недела.