Повредена малолетничка во сообраќајка во Прилеп

На крстосницата со улиците „Тризла“, „Београдска“ и „11-ти Октомври“ во Прилеп вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(41) од с.Лабуништа и моторцикл „Лингбен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(22) од Прилеп.

Во незгодата, 14 годишна сопатничка од моторциклот, се здобила со тешки телесни повреди, фрактура на лева нога и по укажаната лекарска помош во болницата во Прилеп е префрлена во Ургентен центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Прилеп.