ВИДЕО: Фаворитот на СДСМ за специјален обвинител фатен на дело во хулигански атак

Гордан Калајџиев фрла со боја на протестите
Гордан Калајџиев фрла со боја на протестите

Поранешниот декан за настава на Правниот факултет, Гордан Калајџиев застана рамо до рамо со хулиганите предводени од СДСМ и СОРОС во атакот врз македонските спомен обележја.

Имено, Калајџиев е еден од фаворитите на СДСМ за специјален јавен обвинител.

Изминативе денови, медиумите пишуваа дел од оваа толпа е и професорот Гордан Калајџиев, а оваа снимка несомнено го потврдува тоа. За скандалот да биде поголем, Калајџиев е професорот кој е еден од креаторите на Законот за кривична постапка. Тој многу добро знае дека со вакво насилничко однесување прекршува закони.

Калајџиев е универзитетски професор кој предава кривично и кривично процесно право и ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.

Исто така, Калајџиев е поранешен член на Транспарентност Македонија, како и поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет, две институции кои во јавноста важат за продолжена рака на опозицијата.