
Вистинска снежна идила владее на ски центрите Шапка и Маврово.
Ниските температури синоќа донесоа снег на повисоките места во земјава, а од градовите снежни врнежи беа забележани во Дебар.
Пониски температури во однос на минатата недела имаме и денеска. Времето е сончево, но дува северен ветер, кој се очекува да достигне брзина до 70 километри на час.
Променливо облачно време со услови за врнежи од дожд се очекува и за време на претстојниот продолжен викенд, односно за време на празниците Први Мај и Велигден.
ФОТО: Метео24.мк