
Над 180 илјади мигранти дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокто на оваа година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (МОМ).
Вкупно 181.476 мигранти и бегалци пристигнале од почетокот на годината преку Средоземното Море во Европа, наведува таа организација.
Најголем дел од нив, 154.491 луѓе дошле во Грција. На второ место со 25.894 мигранти е Италија, а по неа следуваат Шпанија (1.064) и Кипар (28).
Над 1.200 луѓе загинале или се водат како исчезнати по обид да стигнат во Европа преку Медитеранот од почетокот на годината. МОМ нагласуваат дека само 223 мигранти и бегалци пристигнале на грчки острови од 22 до 24 април, период по стапувањето на сила на договорот меѓу ЕУ и Турција.