Наместо кафе, денес подгответе здрав млечен шејк

Кога во телото ќе внесете претерано многу адитиви, шеќери и други штетни материи, време е да го освежите со еден детоксикациски пијалак.

За утринскиот млечен шејк потребно ви е:

  • 1 јајце
  • Лажица мед
  • Свежо цеден сок од 1 лимон
  • 50g корнфлекс
  • 50ml млеко

Сите состојки ставете ги во блендер и кратко промешајте, додека пијалакот не добие кремаста густина.

Додадете свежо овошје по желба и уживајте во енергичното „Добро утро!“