
Петнаесетина минути пред еден часот по полноќ на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода во која возило „З-750“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот З.Б. удрило во 27-годишниот пешак М.И. од селото Ваксинце.
Во незгодата со тешки повреди се здобил пешакот кој итно е пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од полицијата во Куманово.