
Граѓанската иницијатива „Протестирам“ попладнево 14-ти пат по ред организира протест против одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција, а се бара и негова оставка и одложување на изборите закажани за 5 јуни.
И денеска протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство, а продолжи пред Собранието на Република Македонија.
Граѓанската иницијатива протестите ги започна на 12 април.