
Американскиот генерал мајор Питер Герстен објави дека во воздушните напади уништени се до 800 милиони долари готовина, која била во сопственост на Исламска држава.
Би-Би-Си наведува дека Герстен, кој се наоѓа во Багдад, изјави дека САД во повеќе наврати за цел имале складишта на пари на ИД.
– Овој удар на нејзиното финансирање придонесе за зголемување на дезертрството за 90 отсто и намалување на бројот на новопристигнати борци, тврди Герстен, пренесува МИА.
Американското Министерство за финансии во 2014 година ја нарече Исламска држава „најдобро финансирана терористичка организација“, на која некогаш наишле.