
Од високите темпеатури, кои со денови се околу 40 степени, до денеска починале 21 жители на Тајланд. Националниот комитет за контрола на болестите денеска апелираше граѓаните да избегнуваат излегување на сонце и со повеќе течности да се спасуваат од жештините.
Екстремно високите температури донесоа и нови рекорди на потрошувачка на електрична енергија. Најмногу за ладење на просториите вчера во Тајланд биле потрошени 29.249 мегавати електрична енергија, што е за 20 посто повеќе од до сега регистрианата дневна потрошувачка.
Големи горештинни деновиве се забелешани и во Сингапур, Малезија и на југот на Филипините. Како и во Тајланд, од почетокот на оваа недела во овие држави не работат училиштата.