
Нова голема трагедија се случи на местото каде беше брутално убиена српската пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, па поради тоа многумина тврдат дека местото е дефинитивно проколнато.
По монструозното убиство кое го потресе регионот се случи уште една голема трагедија во Борча, кога камион ја смачка главата на сосед на убиената Јелена.
43-годишнот Драгиша Јепурановиќ, инаку сосед на Јелена, бил прегазен од камион со кој управувал 48-годишниот Н.Б. За жал, таткото на четири деца бил усмртен на лице место, а мештаните кои се уште не можат да се повратат од претходната трагедија сега се во уште поголем шок.
Возачот е задржан во полициска станица и засега му се одредени 48 часа притвор.
Семејството кое остана без татко и сопруг живее на улицата на Марјановиќ.