
-Тројца полицајци се здобиле со сериозни повреди во Париз, а ширум земјата биле уапсени 124 лица, истакна Казнев во Лион.
Неколку десетици млади луѓе фрлале со шишиња и бетонски делови од калдрмата врз безбедносните сили, кои возвратиле со солзавец за време на протестот во Париз. Има повредени и демонстранти.
Слични насилни дејствија се случиле и во Нант, Марсеј, Лион и Тулуз.
Француските протести се одржуваат поради предложените измени во законот за труд, а поради собирите се откажани и авионски летови.