
Ова го истакна портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, која рече дека сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот, полициските службеници се на лице место, а увидот ќе го врши јавен обвинител.
Од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци интервенирале со медицински персонал и две возила.
– Едно од возилото престигнувало и удрило директно во другото, кое излегувало од бензинската пумпа. Тешко повредените се млади полнолетни росоманци и откако биле примени во Кавадаречката општа болница, биле препратени на скопските клиники. Полесно повредените жена и детенце од другото возило се во Кавадаречката болница на опсервација, соопштија од Службата за Итна помош при Здравствен дом Кавадарци.