
Во Скопје e отворен комплексот на Вардар за младински категории, односно Академијата на шампионот, пренесува „Скопје Инфо“.
Во моментов, во клубот работат над 250 деца, а од следната сезона ќе играат во сите четири категории.
Вардар конечно доби комплекс со кој може да се гордее и преку кој треба да го врати приматот во младинските категории.
На теренот има поставена вештачка трева, младинците ќе имаат на располагање четири соблекувални, додека во внатрешноста има сала за состаноци и модерна кујна.
Голема благодарност до спонзорот Сергеј Самсоненко за оваа инвестиција, изјави Самоил Симев.