Мезиер: Балканската рута на мигрантите е минато

Според него, балканската рута е дел од минатото.

– Јасно е дека балканската рута е дел од минатото и нема, или не би требало, да биде место преку кое минувал бранот до Германија и Австрија и централна Европа, изјави Мезиер на прес конференција во Потсдам.

Тој вели дека сега како прашање се поставува алтернативна рута.

– Загрижени сме дека повторно голем број бегалци ќе се упатат преку Либија кон Италија, нагласи Мезиер.