Загинаа мајка, ќерка и баба, таткото е повреден

Петмина повредени во сообраќајка кај Владата
Според неофицијални информации  загинале Б.М. (26), две-годишната ќерка Л.Ш, како и бабата A.Ш. (50), додека A.Ш.(29) татко на девојчето бил тешко повреден.
– Четворицата биле во автомобилот „Застава“ кој го управувал А.Ш кој се движел од Нови Пазар кон Сјеница. во еден момент дошло до директен судир со другиот автомобил „Фолксваген“ кој го управувал А.К кој е полесно повреден, – изјавиле од полицијата во Нови Пазар за спрски Блиц.
А.К минал со полесни повреди и после укажаната помош бил задржан во полиција.
Возачот на „Заставата“ бил итно префрлен во болница во Ужице, а причините за оваа несреќа се уште не се познати.