
Куќен притвор заработи 19-годишен неготинец кој превезувал илегални мигранти. Вчера во 06.40 часот na автопатот Гевгелија – Скопје во близина на раскрсницата за Велес – Штип, од страна на полициски службеници бил сопрено автомобил “Опел Сенатор“ со велешки регистарски ознаки, управуван од К.Ѓ.(19) од Неготино.
По извршениот преглед во возилото биле пронајдени деветлица мигранти од Авганистан и Пакистан.
Заради расветлување на настанот, македонскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител.
Против К.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело„криумчарење мигранти”. Истиот е спроведен до ОЈО и ОСС-1 во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор.