Легендарниот актер итно префрлен во болница

Српскиот актер Велимир Бата Живојиновиќ во средата е примен во болница во Белград поради влошена здравствена состојба.

Бата е сместен на одделението за интензивна нега, а лекарите потврдија дека покрај срцева имал и бубрежна слабост, поради што максимално се трудат да му обезбедат најефикасна терапија.

Неговата внука рекла дека прогнозите се неблагодарни, но дека се надева дека ќе се извлече.